сабота, 18 ноември 2006

Генетички размисли

(Повод: "Чепкање по ДНК" од Мимоза Ристова - Васева,
колумна, 7.11.2002).
Спасе Шуплиновски

"Неговата (на Александар Македонски, н.з.) кожа, велат, била бела. Таа белина била залепена со црвенило на градите и на лицето". (Плутарх, Александар, 4, Московски универзитет, 1993). Едното око на Александар било светло зеленикаво-зелено, а другото темнокафеаво. Друг извор говори дека македонскиот генерал Еригеј, при двобој, го извадил шлемот и под него се појавила бела коса. Тоа е с? што се знае од веродостојните извори за надворешниот изглед на тие двајца. Таткото на Александар, Филип Македонски, е опишан како човек без десното око, што го загубил од стрела во битката за Метона и куц од раната во колкот во борбата против Трибалите на север. Во 1978 година е најдена гробницата во Кутлеш (Вергина) и во неа златен ковчег со коските на Филипа. Британските антрополози тогаш верно го реконструираа ликот на покојникот кој се совпаѓа со зачуваните слики на монети и сл. "Вие го откривте гробот на Филип, но ја закопавте тезата дека тој бил Грк" - им рекоа на Грците. "Зашто, македонски обичај бил да ги положуваат покојниците, а хеленски да ги палат". Изворите говорат дека Александар ги погребувал своите војници, а по битката кај Херонеја (во 338 г. пр.н.е.), Македонците биле погребани, а Хелените спалени и пепелта во урни им е однесена во Атина. Демостен, во третата Филипика, 31 глава, вели за Филипа дека "тој не само што не е Хелен, ниту нешто во средство со Хелените, туку е... ништожен Македонец". Археологот Андроникос Манолис, што ја откри царската гробница во Кутлеш (Вергина), изјави дека е најдена висока автентична македонска култура каква што нема на југ, па подоцна на мистериозен начин почина, по кое почна јавниот сомнеж таму дека коските не се на Филипа, т.е. најдената култура не е македонска, затоа што со откритието отпадна наметнатата теза дека Македонците биле варвари во денешна смисла на зборот, што значи Александар немал потреба да шири туѓа, при постоење на своја култура.

На походот на исток, Александар оставал свој благајник и командант со воен екипаж за заштита, т.е. царски намесници. Според македонските закони, тој што ќе кренел рака на царот морал да биде убиен со сите свои роднини по машка линија. Од тоа не бил поштеден ниту Парменион, началник на генералштабот, поради предавството на неговиот син Филота ". Треба од нас да произлезе иницијатива за сопствени истражувања на ДНК во сите тие набројани држави, компарирајќи ги со ДНК од пршленот на Филип Македонски, задржан од британските антрополози, како евентуален репер. Македонија не "не треба", туку мора да се занимава со минатото за да го одбрани, како што вели Блаже Конески, "големото име што го носиме".

Утрински Весник