сабота, 25 ноември 2006

Дешифриран папирус од гробницата на македонски аристократ

Голема возбуда во научната иавност по уникатното откритие



дешифрирање Професорот Апостолос Пиерис ч ги претставува на научната иавност остатоците од папирусот кои биле дешифрирани според истиот метод со кои беше протолкувано контроверзното Евангелие според иуда

Атина - Грчките експерти со помош на нивни колеги од САД и Велика Британија успеаја да го дешифрираат ракописот Папирус Дервенти, стар 2.400 години, што беше пронајден во гробница на благородник од античкиот период во близината на Солун, објави атинскиот весник „Катимерини“.
Според весникот, објавувањето на веста дека е дешифриран овој најстар манускрипт откриен во Европа, предизвикало вознемиреност во научната јавност.
- Тоа е најстара зачувана книга. Станува збор за уникатно откритие од голема важност, што ќе ни овозможи да допреме до тајните на една античка монотеистичка религија, изјави за „Катимерини“ директорот на солунскиот Археолошки музеј, Поликсени Велени.
Тимот од грчки, британски и американски експерти за дешифрирање на текстот ја користеле истата техника што е употребена при дешифрирањето на Евангелието по Јуда, кое предизвика полемика во јавноста со тврдењата дека апостолот Јуда не бил предавник, туку човек од доверба на Исус Христос.
Папирус Дервенти е философски есеј за една античка религија и се верува дека е напишан околу 340 година пред новата ера во време на владеењето на македонскиот крал Филип Втори.
Меѓутоа, грчкиот научник Апостолос Пјерис тврди дека папирусот е околу сто години постар и дека негов творец е човек од опкружувањето на философот Анаксагора, кој живеел во втората половина на петтиот век пред новата ера. Анаксагора бил учител на Сократ и бил обвинет за атеизам.
Текстот е есеј за песна што го опишува раѓањето на боговите и животот на Орфеј кој, според античката митологија, е син на музата Калиопа, прва од деветте ќерки на Зевс. Според митологијата, Орфеј слегол во подземниот свет со цел да ја врати во живот неговата љубена Евридика, но го убиле група жени од Тракија кои се потсмевале на неговата верност. Распарченото тело на Орфеј тие го фрлиле в река.
Култот на Орфеј бил особено силен во античкиот свет и се смета дека имал големо влијание на една тајна монотеистичка религија, чии поколници верувале дека човековото спасение лежи во спознавањето на вистината.
Во гробницата Дервени, во која е пронајден папирусот, бил погребан македонски аристократ, покрај чие тело се пронајдени метални вази, златен венец и оружје.
Папирусот е долг неколку метри и бил пронајден полуизгорен во 1962 година, но досега не бил дешифриран.

utrinski