сабота, 6 јануари 2007

Скопјани го прославија Бадник


Во присуство на големброј верници во организација на Одборот на скопјани за традиционална прослава на Бадник денеска пред платото на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ по 15-ти пат беше прославен „Бадник 2007“.

Бадниковата погача ја благослови поглаварот на МПЦ, архиепископот Охридски и македонски, г.г. Стефан. Бадниковите гранчиња, симболот на среќата и благосостијбата, што беа порано набрани на падините на Водно откако беа осветени, бесплатно им беа делени на присутните.

Кум бадникар за прославата за 2007 година е Мирче Даниловски, новинар, алпинист и угостител. Преземајќи го кумството од старите кумови, членовите на К-15, Даниловски на сите присутни им посака среќа, бериќет и радост во оваа година.

Кумот како во старите времиња беше испратен со пајтон. Се верува дека Бадник е ноќта на мирот и радоста кога будни го чекаме христовото раѓање.

Во предвечерието на големиот христијански празник порака за мир, за верба во животот и за разбирање меѓу луѓето испрати поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.



- Христос се раѓа, славете го! Христос слегува од Небесата, пресретнете го! Христос е на Земјата, вознесете се! Вака веќе 2000 години пее Светата црква за спасоносниот настан што се случи во тоа рано витлеемско утро. Синот Божји, примајќи човечко тело, се родил како бого-човек, за да ја изврши спасоносната мисија, да го помири човекот со Бога, да го врати единството меѓу Земјата и Небото. Затоа тој настан е над сите настани во историјата на човечкиот род и од тогаш се слави во сите времиња и во сите краеви на Земјата, рече архиепископот Стефан.

- Како богољубив и народ на верата, каде и да сме - во татковината или ширум светот, да направиме се што им доликува на вистинските правникољубци за да можеме подостојно да го дочекаме и да го прославиме овој спасоносен настан и во своите храмови, и во своите домови, и во своите души. Да покажеме и повеќе правда и праведност, да принесеме повеќе чисти срца и души, и во времето што е пред нас да молиме новородениот боговладеник да ни дарува повеќе мир и љубов, повеќе слога и благослов, за да можеме достојно да го поминеме и овој Божиќ и сите други празници и денови. Амин. Христос се роди, на многу години!, порача поглаварот на МПЦ.

Света златоустова празнична литургија вечер од 17 часот ќе се служи во сите храмови на МПЦ.

link