сабота, 25 ноември 2006

Дешифриран папирус од гробницата на македонски аристократ

Голема возбуда во научната иавност по уникатното откритие



дешифрирање Професорот Апостолос Пиерис ч ги претставува на научната иавност остатоците од папирусот кои биле дешифрирани според истиот метод со кои беше протолкувано контроверзното Евангелие според иуда

Атина - Грчките експерти со помош на нивни колеги од САД и Велика Британија успеаја да го дешифрираат ракописот Папирус Дервенти, стар 2.400 години, што беше пронајден во гробница на благородник од античкиот период во близината на Солун, објави атинскиот весник „Катимерини“.
Според весникот, објавувањето на веста дека е дешифриран овој најстар манускрипт откриен во Европа, предизвикало вознемиреност во научната јавност.
- Тоа е најстара зачувана книга. Станува збор за уникатно откритие од голема важност, што ќе ни овозможи да допреме до тајните на една античка монотеистичка религија, изјави за „Катимерини“ директорот на солунскиот Археолошки музеј, Поликсени Велени.
Тимот од грчки, британски и американски експерти за дешифрирање на текстот ја користеле истата техника што е употребена при дешифрирањето на Евангелието по Јуда, кое предизвика полемика во јавноста со тврдењата дека апостолот Јуда не бил предавник, туку човек од доверба на Исус Христос.
Папирус Дервенти е философски есеј за една античка религија и се верува дека е напишан околу 340 година пред новата ера во време на владеењето на македонскиот крал Филип Втори.
Меѓутоа, грчкиот научник Апостолос Пјерис тврди дека папирусот е околу сто години постар и дека негов творец е човек од опкружувањето на философот Анаксагора, кој живеел во втората половина на петтиот век пред новата ера. Анаксагора бил учител на Сократ и бил обвинет за атеизам.
Текстот е есеј за песна што го опишува раѓањето на боговите и животот на Орфеј кој, според античката митологија, е син на музата Калиопа, прва од деветте ќерки на Зевс. Според митологијата, Орфеј слегол во подземниот свет со цел да ја врати во живот неговата љубена Евридика, но го убиле група жени од Тракија кои се потсмевале на неговата верност. Распарченото тело на Орфеј тие го фрлиле в река.
Култот на Орфеј бил особено силен во античкиот свет и се смета дека имал големо влијание на една тајна монотеистичка религија, чии поколници верувале дека човековото спасение лежи во спознавањето на вистината.
Во гробницата Дервени, во која е пронајден папирусот, бил погребан македонски аристократ, покрај чие тело се пронајдени метални вази, златен венец и оружје.
Папирусот е долг неколку метри и бил пронајден полуизгорен во 1962 година, но досега не бил дешифриран.

utrinski

Дешифриран ракописот Папирус Дервенти

Грчките експерти со помош на нивни колеги од САД и Велика Британија успеаја да го дешифрираат ракописот Папирус Дервенти, стар 2.400 години, што беше пронајден во гробница на благородник од античкиот период во близината на Солун, објави атинскиот весник Катимерини.

Според весникот, објавувањето на веста дека е дешифриран овој најстар манускрип откриен во Европа, предизвикало вознемиреност во научната јавност.

„Тоа е најстара зачувана книга... Се работи за уникатно откритие од голема важност, што ќе ни овозможи да продреме до тајните на една античка монотеистичка религија“, изјави за Катимерини директорот на солунскиот Археолошки музеј, Поликсени Велени.

Тимот од грчки, британски и американски експерти за дешифрирање на текстот ја користеле истата техника, што е употребена при дешифрирањето на Евангелието по Јуда, кое предизвика полемика во јавноста со тврдењата дека апостолот Јуда не бил предавник, туку човек од доверба на Исус Христос.

Папирус Дервенти е философски есеј за една античка религија и се верува дека е напишан околу 340 година пред новата ера во време на владеењето на македонскиот крал Филип Втори.

Меѓутоа, грчкиот научник Апостолос Пјерис тврди дека папирусот е околу сто години постар и дека негов творец е човек од опкружувањето на философот Анаксагора, кој живеел во втората половина на петтиот век пред новата ера. Анаксагора бил учител на Сократ и бил обвинет за атеизам.

Текстот е есеј за песна што го опишува раѓањето на боговите и животот на Орфеј, кој според античката митилогија, е син на музата Калиопа, прва од деветте ќерки на Зевс.

Според митологијата, Орфеј слегол во подземниот свет со цел да ја врати во живот неговата љубена Евридика, но го убиле група жени од Тракија кои се потсмевале на неговата верност. Распарченото тело на Орфеј тие го фрлиле в река.

Култот на Орфеј бил особено јак во античкиот свет и се смета дека имал големо влијание на една тајна монотеистичка религија, чии поколници верувале дека човековото спасение лежи во спознавањето на вистината.

Во гробницата Дервени, во која е пронајден папирусот, бил погребан македонски аристократ, покрај чие тело се пронајдени метални вази, златен венец и оружје.

Папирусот е долг неколку метри и бил пронајден полуизгорен во 1962 година, но досега не бил дешифриран.

a1.com.mk

сабота, 18 ноември 2006

Љубоморната сопруга Роксана го убила Александар Македонски?


Како умрел најголемиот војсководец на сите времиња во 323 пр.н.е. во Вавилон

Ќерката на персискиот цар Дариј Трети, наводно, го отрула Александар Македонски поради тоа што се оженил и со друга жена

Теоријата за убиство со труење беше предмет на едно испитување на лекари, токсиколози и инспектори на Скотланд јард

Од нашиот дописник Томислав Ивановски

ЛОНДОН - Во историјата останало запишано дека Александар Македонски освоил две третини од цивилизираниот свет во негово време и дека ја создал најголемата империја во античкиот свет. Но, Александар умрел мошне млад на 33-годишна возраст на 13 јуни 323 година пред Христовото раѓање, а неговата смрт останува мистерија сите овие изминати векови. Според едни, тој умира од маларија, други велат дека причината за неговата неочекувана и брза смрт е стомачен тифус предизвикан од силната храна или од заболеност на неговиот црн дроб поради секојдневните баханалии.

Најновата теорија, меѓутоа, вели дека тој бил жртва на заговор што го организирала неговата прва сопруга Роксана, инаку ќерка на персискиот цар Дариј Трети, чии армии двапати тешко ги поразил. Таа го отрула Александар со еден тогаш малку познат отров што се добивал од садницата стрихнин. Ваквата теорија сега ја заговара Греам Филипс, автор на популарната историја, кој во својата најнова книга "Александар Велики, убиство во Вавилон° што од почетокот на овој месец се појави во книжарниците во Лондон.

Тој смета дека персиската принцеза Роксана не го убила својот сопруг затоа што ја освоил и покорил Персија, туку од обична женска љубомора, во знак на одмазда затоа што Александар се оженил и со друга жена, или можеби поради дрското однесување (спрема неа) на Хефестион, хомосексуалец и љубовник на нејзиниот сопруг за кого се знае дека, исто така, умрел под мистериозни околности. Филипс верува дека обајцата пред да умрат страдале од истите симптоми за кои се знае дека ги предизвикува отровот познат како стрихнин, а Роксана била во најблиското опкружување на Александар која знаела за смртоносните својства на садницата стрихнин.

Филипс вели дека она што се знае малку е дека с? почнало на одбележувањето на годишнината на смртта на Хефестион, што Александар наредил да се организира во Вавилон, културен центар на тогашниот свет. Римските историчари, повикувајќи се на записи од Александрово време, запишале дека младиот император паднал болен со тешки болки кои траеле с? до неговата смрт, шест дена подоцна. "Почетните симптоми биле неспокојство, треперење, болки и вкочанетост во вратот, проследени со остри болки во стомакот°, објаснува Греам Филипс во својата книга. Ситуацијата се влошувала со секој нов ден, проследена со треска и делириум, како и со халуцинации кои Александар ги имал во деновите додека се борел за својот живот, а во завршната фаза не можел да зборува и да ги движи рацете и главата. Непосредно пред да умре тој паднал во длабока кома од која никогаш не се освестил.

Еден токсиколог од Универзитетот во Калифорнија му објаснил на авторот на книгата Филипс дека сите опишани симптоми се типични за стрихнинот кој се знае дека ги разорува нервите што ги контролираат мускулите на телото. Стрихнинот во тоа време не бил познат на Запад и во неговата родна Македонија, бидејќи е откриен и донесен од садници што Александар и неговите војници ги сретнале во долината на реката Инд, до каде што стигнале во своето настапување на Исток, две години пред неговата смрт во Вавилон.

Сега се објаснува дека сопругата Роксана, која патувала до долината на Инд со својот сопруг и неговите војски, се заинтересирала за локалните обичаи на луѓето со кои дошле во контакт и притоа дознала дека локалните свештеници го користеле стрихнинот во мали дози за предизвикување духовни халуцинации кај луѓето. "Роксана била единствената која знаела нешто повеќе за новото растение што го донеле од долината на Инд и знаеле дека во поголеми дози стрихнинот е мошне опасен°, вели Филипс кој затоа смета дека таа е виновна за смртта на Александар Македонски.

Професорот Робин Леин Фокс од Универзитетот во Оксфорд, кој бил и советник на режисерот Оливер Стоун при снимањето на филмот за античкиот војсководец и император, се сомнева во оваа теорија. Тој вели дека ако некој сакал да го убие Александар на врвот од неговата моќ, кога под себе имал многубројни народи од светот од тоа време, тој ќе морал да го направи тоа веднаш и брзо, а не да ризикува со бавна смрт и со труење, затоа што тоа би предизвикало сомневање и би укажало на виновникот. Професорот Фокс смета дека светот сў уште не знае како умрел Александар и кој го убил (ако е навистина убиен). "Не треба да се заборава дека младиот император имал многубројни рани од битките, дека носел со себе болести од патувањата, а водел исклучително бурен живот, пиејќи по цели ноќи°, вели професорот Фокс, кој претпоставува дека Александар Велики можеби бил погоден од некоја тешка и тогаш неизлечлива болест.

Теоријата за убиство со труење беше предмет на едно долготрајно испитување на лекари, токсиколози и инспектори на Скотланд јард кои за една лондонска ТВ-станица заклучија дека античкиот јунак е отруен, но не од сопругата, љубовникот Хефестион или во заговор од своите политички противници во Македонија кои сакале да го тргнат од престолот, туку не сакајќи во текот на лекувањето од болестите што ги имал му додавале с? поголема доза од "лекот° и на тој начин го отруле неговите лекари и слуги кои му биле исклучително верни. Тоа значи дека труењето со "непознат лек°, што Филипс го именува како стрихнин, е присутна и во двете теории за смртта на Александар, со таа разлика што сега се вели дека во прашање е убиство од љубомора.

Во секој случај, светот на Запад како одново да му се врти на ликот и на она што го направил Александар Македонски (овде се нарекува Велики) за што зборува и решението во Холивуд да се снимаат два филма за него едноподруго. Филмот на Оливер Стоун со Колин Фарел, како Александар, и Ентони Хопкинс се очекува да се појави идниот месец, а верзијата на режисерот Баз Лурман со Леонардо ди Каприо е најавено да почне да се прикажува во текот на 2006 година.

Деновиве Би-Би-Си ја прикажува серијата репортажи за земјите под Хималаите, па во тие рамки екипата се најде и во областа Калас во Пакистан каде што се смета дека живеат луѓе што се директни потомци на војниците од војските на Александар Македонски. Притоа, локалниот водич објаснуваше дека постојано ги прашуваат што се тие и обично се заклучува дека сме Грци, според она дека Александар наводно бил Грк, но сега ни велат дека сме Бугари! Човекот не кажа кој им ја продавал таа теза, ниту пак авторот на репортажата се заинтересира за тоа, но и двајцата се изнасмеаја на нивната судбина некој постојано да им лепи етикета за нивното национално потекло. Тие знаат само дека не се ниту Пакистанци, ниту Авганистанци, а никогаш не преминале ниту во исламска вероисповед.

utrinski vesnik

Коски на клада

Кога Александар Македонски дошол со својата војска во Вавилон, Вавилон дејствувал шокантно врз Македонците. Престолнината на староперсијците се разликувала од сите дотогашни сознанија на гордите освојувачи. Александар, по победата на реката Ис, не го освоил Вавилон со директна борба, туку по испраќање свои гласници, пред Вавилон бил пречекан од свештеници и чиновници кои му посакале добредојде со скапоцени подароци и сместување во луксузните одаи на висечките градини на Навукодоносор. Александар не се задржал долго во таинствениот Вавилон, бидејќи го прогонувал поразениот, с? уште жив, персискиот цар Дариј. По Вавилон, го освоил и го запалил Персепол и во клисурата Касписка Врата, на Сината Планина, го досегнал Дариј, мртов, убиен од своите офицери...

Кога Александар Македонски од Индија се враќал назад, пред да влезе повторно во Вавилон, бил пречекан од пратеништво на свештениците од храмот на Мардук (Куруш) кои церемонијално му соопштиле да не влегува во Вавилон. "Зошто?", се зачудил освојувачот со титулите - "Александар Трети - крал на Македонците", "Полубожествен врховен владетел на грчките градови", "Божествен фараон на Египет", "Сојузник и господар на јонските пристаништа", "Целосен господар на феникиските градови и флоти", "Заштитник на високото свештенство во Јудеја", "Врховен господар на Магите во Персија", "Пријател на раџите во Пенџаб и во Индија"... Според Плутарх, Магите му одговориле дека ќе го снајде лоша судбина ако влезе по втор пат во Вавилон. "Вашето пророштво е само претпоставка", им одговорил и влегол по втор пат во Вавилон, бидејќи го означил како престолнина на своето царство.

Во Вавилон Александар бил вознемирен од чудна смрдеа. Објаснувањето било дека неподносливата реа доаѓа од коски што горат на клада. Коски од луѓе! Прецизното објаснување било дека некои луѓе, и по нивниот закоп, воопшто не се ослободуваат од кривичната одговорност за која се обвинуваат, туку се судат и по нивната смрт.

Ако се пресуди дека се виновни, се откопувале и коските им ги гореле на клада!

Овој феномен денес е несфатлив, како форензично така и етички, бидејќи повеќето теолошки догми прифаќаат етички постулат дека човечката смрт е мирско искупување за сите негови гревови направени во животот. Наједноставно искажано, смртта на обвинетиот како загуба на неговиот физички ентитет е доволен факт да се прекинат сите земни иследувања и казни за неговите животни гревови. Во неговата вечност, некои други духовни ентитети ќе му пресудуваат и ќе го сместуваат во одредени духовни институции ( рај и пеколот). Секако, црквата низ вековите ги развила, дури и ги усложнила системите на покајување и искупување на гревовите (лукративните индулгенции, т.е. средновековните потврди дека е платено на црквата за откуп на гревот), а законодавстото, врз етичко-конфесионално оправдување, го формирала системот на застарување на кривичното дело.

Александар Македонски, кој живеел триста години пред појавата на христијанство и бил политеистички космогон, бил вчудовиден од овој феномен. Веќе запознал и повеќе други богови од други религии кои не дозволувале казнување на веќе мртвите луѓе. Неговиот конфесионален татко-бог Ѕевс тоа не го дозволувал, Јехова на семитите исто така, уште помалку богот Индра на Индијците. Но, вавилонците имале комплициран божествен систем: Врховен бог Бел на небото и Митра, божество кое од небото се спуштило на земјата. Подоцна, во христијанството, повеќе пати се јавувале верски секти кои го величеле култот на Митра, не само според крволочноста на своите иницијални обреди, туку и поради негување на култот на сатаната, и секако, од христијанските цркви биле анатемисувани и жестоко уништувани.

Не сакам да коментирам дали треба или не треба да постои застарување на кривичното дело и по смртта на обвинетиот, бидејќи тоа денес е очигледна цивилизациска придобивка во етиката, религијата и правната наука и практика во целиот свет. Но, останува да лебди виртуелна етичка дилема - дали харизматичните лидери треба да се подложат на евидентна етичка казна и по нивното физичко непостоење? Примерот со Александар Македонски е повеќе од предупредувачки...

Александар, по неполн месец, неочекувано умрел во палатата на Навукодоносор. Повеќе записничари причината за неговата смрт ја наоѓаат во маларијата или во сифилисот. Магите тврделе дека тие го отруле оти бил виновен за неброени човечки страдања и животи во текот на освојувачкиот поход низ целиот Екумен (тогашен свет), но никој не ги сфатил сериозно...

Александар во Вавилон бил подложен на мумифицирање, бидејќи бил сметан за божествен фараон. Мумифициран, сместен во огромен камен саркофаг, два месеца бил заѕидан во Вавилонскиот амфитеатар додека неговите наследници одлучувале каде ќе биде закопан. Потоа, неговиот саркофаг бил положен врз огромна воловска кола и во поворка следена од неговите војници пренесен до неговиот гроб. Денес најголема археолошка сензација би било пронаоѓањето на неговиот гроб. Дали гробот на Александар Македонски е во Вавилон, во Мемфис, во Александрија на Нил, во Пела или...?!

Постои една чудна верзија, која можеби објаснува зошто с? уште не е откриен гробот на Александар, верзија која не се прифаќа од најголем број историчари. Таа верзија вели дека вавилонските Маги, по само ним знајни тајни ходници, влегле во заѕиданиот амфитеатар во Вавилон и неговите коски ги запалиле на клада...

utrinski vesnik

Европа ја живее визијата на Александар Македонски

Васил Тупурковски, и покрај обемните политички и педагошки активности, последните четиринаесет години интензивно се занимава и со истражување на феноменот Александар Македонски, што резултираше со повеќе изданија за античкомакедонскиот период. Иако не е историчар, како што нагласува, голем дел од неговата посветеност на оваа тема била испровоцирана од молкот на македонските историчари, кои како да стравуваат отворено да проговорат за овој чувствителен период од нашето историско минато.

Што го прави Александар толку голем што историската фигура ја претвора во митски лик на кој антиката му придаде и божествени атрибути?

- Како ретко кој во историјата, Александар Македонски осмислувал и вршел длабоки трансформации на сите општествени состојби во една извонредно значајна историска епоха. Тој импресионира со својата платформа за пацификација на светот поради негово културно, економско и развојно поврзување. Неговиот космополитизам убедливо зборувал за почитта што ја негувал за сите народи, за нивните културни и конфесионални дивергентности, со што неговата мисија станува вистински историско вредносна. Во овој контекст, трајни историски димензии има неговиот конкретен однос кон светот низ анулирањето на неговите поделби што на различни начини биле важечка културна и социјална доктрина, на пример, на грчкиот свет и на Персија. Така, на пример, за грчкиот свет негрчкиот свет бил варварски и инфериорен. Персија, пак, сметала дека го има потенцијалот да го доминира античкиот свет. Ваквите појави зборуваат за склоности кон самоизолација и за тенденции за поставување на сопствените интереси како експлоататорски и деградирачки за други народи и системи. Ваквата содржина на политичката, идеолошката и културната платформа не се ексклузивна сопственост на грчкиот свет и на Персија, ниту пак само на античкото време, туку се spiritus movens за крупни меѓународни фактори во целата историја на човештвото.

По што се разликува односот на античкомакедонската кралска лоза во однос на ова прашање?

- Походот на Азија, на пример, бил објективно една монументална еманципаторска акција што придонесувала да се видоизменат основните карактеристики на меѓународните односи и да се постават врз квалитетно нови позитивни основи. Во овој домен, изолацијата на грчкиот свет, која ја стимулираа како Филип Втори, така и Александар, како и уривањето на Персиската Империја, треба да се разберат како неопходни мерки што овие македонски кралеви ги преземале за да не се загрози процесот на создавање свет на рамноправни народи, способни и заинтересирани својата иднина и напредок да ги обезбедуваат низ развој на заемно корисни односи и соработка во најшироката меѓународна заедница.

Александар верувал во супериорноста на глобалната комуникација и поврзување. Тој бил убеден дека постојат општоисториски вредности како што се мирот, слободата, економскиот напредок и хармоничните меѓународни односи. Народите во целиот свет и низ целокупниот историски процес се идентификуваат со ваквите идеали. Во секоја историска епоха, без исклучок, овие генерални вредности се карактеристични за аспирациите на народите и за обичниот човек. Токму поради тоа, не изненадува фактот дека историската личност на Александар добива митски атрибути. Тој, всушност, е гласноговорникот на соништата на народите и на луѓето за подобар живот.

Од денешен аспект како изгледаат Александровата мултикултурна визија на светот, неговите свадби на Истокот и Западот и желбата за почитувањето на различностите на сиот тој конгломерат од народи што ги освоил?

- Практично, се што преземал Александар зборува дека приоритетите на македонскиот крал биле култивирање на односите во целокупната меѓународна заедница во правец на нејзино консолидирање, што се базира врз толерантност и коегзистенција на различни национални, расни и конфесионални субјекти. Во кревањето на нивото на заемната толерантност, гледал како на важен дел во решавањето на проблемите на војната и на мирот.

Тој ги почитувал религиозните обичаи и божествата на немакедонските народи, поставувал припадници на разни националности на највисоки државни функции, војската ја трансформирал во повеќенационална вооружена сила, додека пак, системот на власта максимално се трудел да го приспособи на афинитетите на локалното население. Сето ова може аргументирано да се третира како фактор на хармонизација на вкупните општествени односи.

Во оваа смисла, Александар, меѓутоа, мирот не го сфаќал како цел за себе, туку во стилот на татко му, Филип Втори, гледал на него многу пошироко, а во секој случај, како на инструмент на светскиот развој и општиот материјален и духовен просперитет. Токму во овој домен, походот на Азија имал извонредно важна улога во воспоставувањето интензивни економски и трговски врски внатре во Азија и на релацијата Европа-Африка- Азија. Александар оспособувал копнени и поморски врски, при што, тоа не го правел за по нив да се движат неговите војски, туку стоките, луѓето и духовните идеи. Тој знаел дека меѓусебната комуникација е решение за предрасудите и поделбите и затоа се трудел походот да биде стимулативен за сите видови културна, духовна и материјална размена.

Зар не е повеќе од јасно дека неговите убедувања, а особено неговиот конкретен опус имаат трајна важност? Неговото дејствување е цивилизациско и културно. Немам никакви дилеми дека во неговите погледи може да се пронајде фиктивна платформа за надминување на длабоките проблеми на нашата земја.

Постојат неколку различни портретирања на Александар Македонски. Кое Ви се чини повеќе автентично: она што го претставува како суров освојувач или како романтичар придвижен од желбата да го види крајот на светот. Или станува збор за суптилен микс на двете?

- За разлика од татко му Филип Втори, кој бил изразени реален и прагматичен водич, наполно оддаден на интересите на Македонија, Александар бил идеалист. Неговата религиозност и карактерна црта на месијанство ја помагале неговата склоност кон идеализирање. Тоа, меѓутоа, не би смеело да му се препише како хендикеп. Неговиот инхерентен идеализам не ги игнорирал интересите на Македонија, туку настојувал да ги вклопи во најшироки светски рамки. Без неговиот идеализам ние би биле лишени од неговиот грандиозен проект за таква меѓународна заедница што ќе промовира рамноправност, заемно корисна соработка и напредок на сите во светското семејство.

Се разбира, Александар во традицијата на татко му Филип Втори, секако е еден од најголемите воени команданти во историјата. Погрешно е, меѓутоа, Александар да го дефинираме исклучиво преку освојувачката димензија. Тогаш не сме го разбрале. Комплексноста на неговата личност, неговите уверувања и неговото дејствување што попримило историски димензии, јасно укажува дека неговиот воено-стратегиски и воено-тактички капацитет биле огромни, но не се доминантна експликација за трајните историски вредности на делото на Александар.

Дали квалитетите на политичките лидери се универзална категорија, заедничка за сите историски епохи или секое време исфрла на површина некоја друга предиспозиција? Што требало да поседува еден антички владетел, а што поседуваат денешните политички предводници на народите?

- Филип Втори и Александар најнепосредно ги предводеле јуришите на македонските војски. Тие лично се грижеле за семејствата на секој паднат македонски војник. Тие безрезервно ја почитувале волјата на Собранието на Македонците. И тие, секако, правеле се за просперитетот на својот народ.

Дали се тоа универзални квалитети за сите времиња кога се во прашање политичките лидери? Секако да. Дали се тие карактеристични за нашите политички лидери во нашево актуелно време? Сосема евидентно и за жал, не.

*********


Гласноговорник на соништата за подобар живот
Александар верувал во супериорноста на глобалната комуникација и поврзување. Тој бил убеден дека постојат општоисториски вредности како што се мирот, слободата, економскиот напредок и хармоничните меѓународни односи. Народите во целиот свет и низ целокупниот историски процес се идентификуваат со ваквите идеали. Во секоја историска епоха, без исклучок, овие генерални вредности се карактеристични за аспирациите на народите и за обичниот човек. Токму заради тоа, не изненадува фактот дека историската личност на Александар добива митски атрибути. Тој, всушност, е гласноговорникот на соништата на народите и на луѓето за подобар живот.

********


Александар е син на овој простор
Може ли со сигурност да се дефинира етничката припадност на овој антички владетел?

- Рационалниот одговор е дека тоа не е најбитното. Објективен е фактот дека Александар е син на овој простор што денеска ние го споделуваме со соседните народи. Според тоа, наместо шовинистичкиот и ненаучниот став дека нешто е ексклузивно „наше" или „нивно", убаво би било да се еманципираме во правец на прифаќањето на единствено исправната формула дека историјата на нашиот простор им припаѓа на сите народи на овие простори.

Јас, на пример, верувам не само дека тоа е можно, туку дека тоа би ни помогнало да направиме пресврт од агониското живеење кон надежта и кон поквалитетно живеење како наше право.

vreme

Тебе, кралу, изгледа не ти е потребна жена?

Малоазиските градови во крајбрежјето им се предаваа на Македонците без отпор. Сепак, Халикарнас и Милет, двата цврсто градени и со високи ѕидови, им се спротивставија на освојувачите. Александар и нив ги зазеде на јуриш.

Опсадата на Халикарнас заврши на штета на Персијците и на нивните наемници. Жестоките борби се водеа во полето, на проломите и на ѕидовите. Последиците беа страшни: загинаа околу илјада граѓани, двапати по толку беа заробени, а градот беше срамнет со земјата. Главните војсководци, Оронтобат и Мемнон, побегнаа, а Александар и ја даде на управа целата покраина на жената Ада, според обичајот уште од кралицата Семирамида. Ада го благослови Александар и го посини во знак на благодарност.

Потоа четириесет помали града, речиси сите без отпор, паднаа во рацете на македонските освојувачи. И градот Милет, на островот, по долга опсада го положи оружјето. Неколку десетини персиски брода со целиот екипаж беа отсечени и заробени.

Меѓутоа, неочекувано и невообичаено кај владетелите од тоа време, Александар објави: секој негов војник што тргнал во војна, а неодамна се оженил или има намера да се ожени, може да појде во својата куќа да презими, па напролет да се врати во составот на војската.

Ова отсуство предизвика голема радост меѓу младите македонски војници.

И наскоро од Карија тргнаа група војници, сите весели, со песна на устите и добро настегани торби на плеќите, зашто секој од нив имаше многу можности да пљачка.

Парменион, стариот Филипов генерал, му се обрати на Александар:

- А ти, кралу?... Тебе, изгледа, не ти е потребна жена?

- Не! Не ми е потребна! - одговори Александар гледајќи го офицерот право в очи.

Парменион ги крена рамениците.

- Воздржлив си исто така - рече - во јадењето и пиењето.

- Сум - врати кралот. - Воздржлив сум...

- Зошто?

- Зашто брачната постела, јадењето и пиењето и премногу ме потсетуваат дека сум смртен...

Еден ден кралот ги повика сите офицери и почна да им дели земја во Македонија, која во свое време ја поседуваа неговиот прадедо Александар, дедо му Аминта и татко му Филип. Кој што бараше, кралот му даваше. Единствено генералот Пердика му постави прашање:

- Речиси се раздели? Што оставаш за себе?

- Надежи! - одговори Александар.

- Тогаш и јас ќе имам учество во тие надежи! - смеејќи се рече Пердика и не сакаше да прими ништо.

Таков беше младиот крал во почетокот на своето владеење. Не занемарувајќи ништо што би му користело на друг и мислејќи на сите, се занемари самиот себе.

Македонските војници го сакаа кралот Филип, но љубовта што ја покажаа кон Александар ги доведуваше до восхитување. Секој од нив сметаше за најголема среќа да загине за кралот, зашто Александар сите го сметаа за надземно суштество. Во тоа време почнаа да кружат приказни и легенди што се пренесуваа на подоцнежните поколенија.

Александар ја напушти Фаселида и држејќи се на морскиот брег ја премина Памфилија и се префрли во Писидија, за да се приближи до Дариевиот логор. Патем освои неколку града, некои принуди на покорност, многу заобиколи и влезе во областа Писада, кај највоинственото племе во источниот дел на Мала Азија. Нивниот град Сагаласа, во близина на езерото Каралис, беше важен економски и културен град. Граѓаните правеа свои пари, имаа велелепни храмови, палати, театри и гимназии.

Александар реши да го заземе градот Сагаласа. Присиѓаните, добро вооружени, му излегоа во пресрет и зафатија едно ритче згодно за одбрана.

Развивајќи фаланга во вид на крила, Македонците извршија јуриш. Но, додека челото на фалангата се тепаше со непријателот на ритчето и веќе пробиваше низ стрмнината, Присиѓаните се спуштија од височинките и со сета жестина удрија на обете македонски крила. Под притисок на нивните стрели и копја, Тракијците и Тесалците се поколебаа. Меѓутоа, елинските хоплити, одвојувајќи се од фалангата, собрани во група, ги нападнаа. Присиѓаните почнаа да отстапуваат и најпосле фатија да бегаат, оставајќи на боиштето повеќе од петстотини мртви и ранети. Лесновооружени и познавајќи го местото, варварите се извлекоа, зашто не беа во состојба да ги бркаат.

По борбата Салагаса падна во рацете на македонските војници.

Во оваа борба падна Клеандар, заповедник на македонските стрелци, прочуен како војсководец и добар советник во времето на кралот Филип. Покрај него загинаа стотина Македонци, Тракијци и Тесалци. Од Аргивлјаните не падна ни еден.

Оттаму Александар тргна да оди кон исток низ земјата Писида и многу градови, милум или силум, ги стави под своја власт. Кога дојде во Фригија, македонската војска го зазеде градот Келену, каде што некогаш Кир Помладиот имаше своја прочуена менажерија. Оттаму удри на Гордија, каде што се состана со Пармениона. Тука се собраа и оние млади Македонци на кои Александар им даде отсуство минатата есен. Со нив дојдоа неколку групи Тесалци и доброволци од Елада што ги собраа Кен, Птоломеј и Мелеагар.

Од македонскиот логор стасаа атински пратеници. Тие го замолија Александар да ги пушти на слобода заробениците што, борејќи се со Персијците, паднаа во ропство во борба кај Граник.

Кралот им одговори на пратениците:

- Атињаните и другите Елини што се борат на страната на варварите не заслужуваат внимание. Кој од вас може да тврди дека истите тие луѓе нема да кренат пак оружје против нас кога ќе добијат слобода? Тие нема да бидат слободни додека не заврши оваа војна. Ако заврши во наша корист, дојдете да ме молите за нив. Ако победат Персијците, тие ќе бидат херои.

Откако влегоа во градот Гордија, Александар се качи на тврдината за да го види дворот на кралот Гордија и неговиот син Мида. Тука беше и колата и на нејзиниот јарем јазолот што никој не можеше да го одврзе. Телмешаните, прочуени пророци и гатачи, му објаснија на кралот Александар што значи тој јазел, на кој не можеше да се види ни крај ни почеток.

Најстариот меѓу пророците, свртувајќи го лицето кон сонцето, замижа и со достоинствен глас рече:

- Кралу македонски, непобеден владетелу на непобедената војска. Пророчиштето славејќи го кралот Гордија и неговиот крал Мида еднаш засекогаш даде збор: „Кој ќе го одврзе овој јазол, ќе ја владее цела Азија“.

Александар, бидејќи ги почувствувал погледите на своите офицери, и без тоа суеверни, почна да го гледа и да го фаќа јазолот од кој не можеше да се види ниедно крајче. Најпосле, на изненадување на пророците и другите присутни, го извади мечот и го пресече преку половина јазолот. Се покажаа многу краеви. Кралот почна да ги вади и да ги извлекува и го одврза јазолот.

Најстариот пророк, Телмешанин, изненаден од чудото и светејќи со очите, сакаше да фрли клетва врз кралот. Но, гледајќи како Македонците сите до еден ги спуштија рацете на рачките од своите мачеви, ја промени одлуката, ја проголта клетвата и со благ израз на лицето му се обрна на Александар:

- Синко, ти ќе бидеш господар на Азија.

Ова, речиси изнудено пророштво, го израдува Александар и неговите офицери. Кралот, дарувајќи ги пророците од Телмеса, ја напушти Гордија и ја поведе војската во Галатија, ја стави под своја власт Пафлагонија и Кападокија и стигна во Киликија. Изморен и испотен, кралот се искапа во студена река и легна в постела.

Неколку дена македонските офицери беа крај постелата на својот крал. Меѓутоа, од четирите лекари што одеа со војската ниеден не се осмелил да се зафати за лекување, плашејќи се дека ако умре кралот, на него ќе падне одговорноста. Офицерите ги фати очај, шепотеа, се загледуваа и ги собираа рамениците. Од некаде се појави сомневање дека кралот е отруен и веќе некои почнаа да се сомневаат и да истражуваат, гледајќи се под око еден со друг. Неодамнешниот случај со Александар, синот Еропов, ги тераше да се сомневаат еден на друг, но никој не се осмели јавно да го покаже своето сомневање. Четирите лекари молчеа. Сепак, петтиот ден, кога кралот ја загуби свеста, еден од нив проговори:

- Кралот не е отруен...

- Што зборуваш? Кој споменувал отров? - се препречи Пердика. - Како ти падна тоа на памет?

- Не гледам модри ниту црвени печати по лицето на кралот - правејќи се неопитен, одговори лекарот. - Значи дека не е отруен.

Генералот, гледајќи го со малжелив поглед, рече:

- Земи ја одговорноста и излекувај ни го кралот!

- Не се осмелувам! - рече лекарот и фрлајќи уплашени погледи кон болниот, замина од шаторот.

Пердика го зграпчи за рака:

- Слушај - рече. - Ако умре кралот, ни вие четворицата нема да живеете! Ќе ве заколеме на неговиот гроб!

Лекарот, кокорејќи ги очите од страв, се повлече кон излезот и се мушна од шаторот.

Истиот ден Кен се сети дека меѓу наемниците што ги донесе од Атина се наоѓа еден лекар.

- Доведи го! Најди го! - викнаа офицерите.

Половина час подоцна под кралскиот шатор влезе лекарот Филтон. Пердика за момент се загледа во него. Потоа се удри со рацете по колениците и викна:

- Жими сите Херкулови чуда, овој е Филтон, лекарот на кралицата Олимпија!... Жими Зевса, подобар лекар да не бараме! Дали се сеќаваш на мене?

Филтон студено го погледна и одмавна со главата:

- Не! Не се сеќавам! Досега никогаш не сум те видел.

- Кога се пораѓаше кралицата Олимпија, беше присутен. Зарем си заборавил?

Неколку постари офицери, загледувајќи го лекарот, го познаа:

- Ти си Филтон! - рече еден.

- Не, јас сум Филип од Акарнанија - им одговори лекарот.

- Тогаш сличноста е многу голема... Не е можно да се лажам...

- Се лажете и ти и сите другите... Повеќепати ми се случило истото: ме викаат Филтон, а јас тој човек не го знам!

- Твојата жена е Гликера Тебанката! - рече Пердика.

- Јас не сум женет! - одговори лекарот.

- Дали се нафаќаш да ни го излекуваш кралот? - праша генералот.

- Прво да видам од што боледува.

Филтона го одведоа во другиот дел на шаторот, каде што лежеше Александар, пребледен и до крај премален. Лекарот му ја стави раката врз челото, потоа ги залепи ушите на градите на болниот и почна да наслушува.

Го прегледа болниот, го сврте настрана и помешечки, му го броеше пулсот и му го слушаше дишењето.

Пердика не трепнувајќи гледаше во лекарот, трудејќи се на неговото лице да прочита дали има спас за болниот.

Кога го заврши прегледувањето, Филтон се замисли.

- Како изгледа? - со шепотење праша генералот.

Лекарот го фати за рака и го повлече настрана.

- Ќе се обидам да го лекувам - рече. - Со помошта на Аполона се надевам дека ќе биде добро...

Пердика одмавна:

- Ако го излекуваш - рече - ќе те посипеме со злато.

- Мене не ми е потребно злато! - се насмеа лекарот. - Животот на кралот и вашата радост ќе бидат награда за трудот.

Додека Филип ги подготвуваше тревките и корењата и ги вареше, низ целата војска се разнесе глас дека се нашол лекар што се зафатил да го лекува кралот.

- Кој е? Од каде дошол?- прашуваа војниците.

- Од Акарнанија! Филип се вика...

Во очите на македонските војници светеше надеж и многумина почнаа да им даваат ветувања на боговите молејќи се да му дојдат на помош на кралот. Меѓутоа, истиот ден од Пармениона стаса писмо. Гласникот, според наредбата, му го предаде лично на кралот. Александар го прими писмото и со премалени раце ја одврза врвцата. Пердика и Кен беа покрај постелата. Кралот се поткрена на лактите и го прочита писмото.

- Што пишува Парменион?- праша Пердика.

- Ништо - одговори кралот. - Ме моли да му јавам како се чувствувам... Туку, излезете двајцата. Сакам да останам насамо со лекарот. А додека да дојде тој, малку ќе предремам.

Офицерите излегоа. Александар повторно го одвитка писмото и вторпат го прочита.

„Лекарот што се зафатил да те лекува се готви да те отруе. Парменион.“

vreme

Гробот на Александар Македонски е во Македонија

ТАЈНАТА ЗА ПОГРЕБУВАЊЕТО НА НАЈГОЛЕМИОТ ЦАР ВО ИСТОРИЈАТА

Ова го тврди Паскал Камбуровски кој кажува дека ова уште повеќе му се поткрепило по откривањето на македонската гробница во близина на Додонското светилиште во областа Молосија во Грција, која пред четири ме




"Гробот на Александар Македонски е во Македонија" - тврди Паскал Камбуровски кој дошол до ова сознание по дваесетгодишно проучување на античката македонска историја преку делата на античките историчари Аријан, Диодор, Плутарх, Јустин и Куртиј Руф и современите, пред се, светски проучувачи на античката историја на Македонија и Македонското кралско семејство. Ова тврдење уште повеќе му се поткрепило по откривањето на македонската гробница во близина на Додонското светилиште во областа Молосија во Грција, што ја отворија Грците пред четири месеци, а која била преазна. Камбуровски вели дека освен оваа гробница треба да постојат уште две од кои едната би била во близина на Пела, а другата на големите пеонски гробишта во близина на Гевгелија и Валандово или античките градови Гортијана, Аталанта и Идомене.
- Јас верувам дека гробницата што ја пронајдоа Грците е една од трите што неговата мајка Олимпија ги градела за сместување на златниот саркофаг во кој било положено балсамираното тело на Александар Македонски. Бидејќи Грците гробницата ја најдоа празна се потврдува дека телото не било положено таму. И јас, во моите истражувања за гробницата во Молосија, сметав дека се најмали шансите таму да биде телото на Александар па затоа на неа типував само со дваесет отсто од шансите саркофагот со другите царски прилози да биде таму. Триесет отсто сметам дека златниот саркофаг е во гробницата кај Пела, а најголема е можноста, во што сум цврсто убеден, дека саркофагот е зачуван на големите пеонски гробишта. Верувам дека за скоро време ќе имам можност и да го видам лицето на најголемиот цар во историјата на човештвото - вели Паскал Камбуровски.
Според Камбуровски голема е заблудата на светските, но и на нашите историчари дека златниот саркофаг е закопан во Египет и тоа во Александрија. Ова го потврдуваат и истражувањата на англискиот историчар Хамонд, еден од најдобрите познавачи на античката македонска историја, кој на едно место во неговите дела вели дека телото на Александар најверојатно е закопано во Македонија.
- Досега никој со сигурност не кажал каде е гробот на Александар Македонски. Во историјата стои дека кога од Вавилон, Персија тргнала поворката со златниот саркофаг во кој било балсамираното тело на Александар, на пола пат била дочекана од Пердика, кој по смртта на Александар го добил царскиот прстен и бил прогласен за чувар на царското семејство, и го сменил правецот на поворката, наместо кон Македонија да се движи кон Египет. Ова е малку веројатно зашто не се даваат никакви причини патот на поворката да биде сменет, а уште повеќе што во античките документи стои дека Македонското собрание одлучило телото на Александар да биде донесено во Македонија и тука погребано. Исто така Македонското собрание донело одлука пред да биде погребан Александар, неговиот, тогаш се уште нероден син од единствената законска жена персијанката Роксана, да биде крунисан за наследник пред саркофагот со телото од таткото. Сето тоа требало да се случи во Пела, македонската престолнина, на најголемиот македонски празник Ксантика кога од светилиштето во Егеја се изнесувале опремата, оружјето, дијадемите и царските книги на сите македонски цареви. Според тоа повеќе од сигурно е дека телото на Александар било донесено во Македонија и погребано тука, зашто никој не смеел да ги прекрши одлуките на Македонското собрание, а најмалку Пердика, најверниот офицер на Александар - вели Камбуровски.
За тоа што се случило по смртта на Александар и како било донесено неговото тело во Македонија, Кумбаровски вели дека дошол до податоците проучувајќи ги античките историографи кои ги пишувале своите дела по делата од Аристотел, учителот на Александар и од неговиот војсководител Птоломеј, кој бил назначен за владетел на Египет, а чии книги се чувале во Александриската библиотека. Овие книги исчезнале кога била запалена библиотеката. Кумбаровски вели дека неговото сознание е оригинално по тоа што тој за прв пат докажува дека наместо еден во Вавилон биле направени два златни саркофага. Во едниот било сместено телото на Александар, а другиот бил лажен и наполнет со мед. Лажниот ковчег требало да се пушти да патува со царската поворка кон Македонија, а вистинскиот да биде сместен во царската флота и заедно со даровите што Александар не успеал да и ги прати на Олимпија, преку море да стигне на пристаништето во Амфиполис каде ќе го дочека мајка му Олимпија. Па така лажниот ковчег стигнал во Александрија, а мртвото и балсамирано тело на Александар било предадено на мајка му тврди Камбуровски.
- За праќање на даровите на Олимпија што не и ги испратил Александар бил задолжен Пердика. Токму тој и го смислил планот со двата саркофага за да може да го пренесе телото на царот. Знаејќи го фактот дека Александар пред смртта лично му го предал својот царски прстен на Пердика и му ја доверил најсветата должност да биде чувар на царското семејство, а посебно да се грижи за неговата љубена жена Роксана и нероденото дете, целото свое внимание го насочив кон Пердика. Уште повеќе што Пердика имал многу силни врски со Олимпија и ги почитувал нејзините желби, од кои најголемата била Александар да се врати во Македонија, а нејзиниот внук Александар Четврти да биде крунисан за цар на Македонија покрај телото од татко му. Со сознанијата за овие две личности сфатив дека клучот за тајната на гробот на Александар лежи во личноста на Пердика. Ако Пердика бил задолжен да ги пренесе царските дарови за Олимпија единствено поволно време било по победата на војсководителот Антипатр над Грците кога меѓу македонските генерали постоеле добри односи и разбирање. Пердика го искористил тој момент, ги натоварил бродовите со подароците, но скришно го натоварил и златниот саркофаг. За флотата бил задолжен Клит Белиот кој безбедно ја донел до Амфиполис. Но, тој не можел да ги предаде подароците. Тоа требало да го стори Пердика и Итан братот на Олимпија, вујкото на Александар, кои требало да стигнат преку копно во Амфиполис. Во меѓувреме Пердика требало да се ожени со Клеопатра, сестра на Александар и во Македонија да влезе триумфално како член на царското семејствао. Но Касандар ги открил плановите на Олимпија, го нападнал Пердика и во таа борба тој бил убиен. Касандар имал претензии кон царскиот престол па затоа се што потекнувало од лозата на Аргеидите го ништел. Така Олимпија ги земала царските дарови во Амфиполис без Пердика, но таму не можело да биде растоварено и телото на царот. Тоа се случило во пристаништето Пидна од каде Олимпија го однела во нејзиниот дворец во Молосија. Телото на Александар во Молосија стоело три години додека Олимпија не направила поход и ја завзела Пела. Но, Олимпија била итра жена и со себе не го понела саркофагот на Александар туку само неговата жена Роксана со малиот Александар. Во Молосија ја оставила ќерка и Клеопатра и и дала инструкции ако нешто и се случи каде да го положи саркофагот. Тоа биле претходно изградените три гробници и тоа кај Додонското светилиште, кај Пела и на Пеонските некрополи по инструкции на Олимпија. Откако Олимпија ја завзела Пела таму требало да биде донесен саркофагот на Александар и да се случи званичното крунисување на малото царче. Но, плановите на Олимпија биле поматени со ударот на Касандар. Касандар ја нападнал Пела и повторно ја завзел. Олимпија била каменувана по стариот македонски обичај како предавник, а Роксана и малиот Александар заробени. Тогаш Клеопатра постапила по инструкциите на мајка и и го погребала телото на мртвиот цар. Телото според сите показатели го закопала во гробницата на Пеонските гробишта, пораи тоа што Пеонските гробишта се најблиску до македонската престолнина Пела и затоа што Пеонците најдолго време останале верни на царското семејство, па таму и телото на мртвиот цар било најбезбедно - раскажува Кумбаровски.
Камбуровски има сознанија дека Грците подготвуваат големи археолошки истражувања токму на местата кај Егеја и Пела, за докажување на античката историја во северните делови на Грција. Камбуровски вели дека веќе биле изградени и монтажни населби за овие истражувања, а како што вели Грците го уништуваат се она што дава показатели за постоењето на македонска историја. Ова го поткрепува со фактот што минатата есен Грците до темел урнале една античка градба во близината на Пела.
- Оваа градба беше изградена на едно ритче, а населението таму од памтивек ја нарекува "Сотир". Сотир бил прекарот на македонскиот генерал Птоломеј кој на ова место го спасувал народот во борбите со Илирите. Во негова чест била подигната оваа градба и никој досега ја немаше допрено ниту пак извадено едно камче од неа. Сега Грците ја урнаа, па дури и темелите и ги извадија - вели Камбуровски. Е. Оровчанец - Спироска

***

Саркофагот на Александар од Музејот во Истанбул

Во Музејот во Истанбул како еден од највредните експонати е изложена античка копија на саркофагот на Александар. Ова е всушност копијата од вториот златен саркофаг наполнет со мед кој стигнал во Египет. Овој саркофаг бил однесен во Египет по барање на Птоломеј за да можат Египјаните за последен пат да се поклоната пред мртвото тело на царот пред да биде однесен во Македонија. Но, саркофагот никогаш не се вратил во Сидон. За Птоломеј кој долго време владеел со Египет се знае дека од царските книги ја пишувал историјата за Александар. Но, како што тврди Камбуровски, Птоломеј пред смртта го известил војсководителот Лизимах дека ќе го испрати ковчегот со телото на Александар и царските книги и опремата во Македонија. Кога флотата била спремна да тргне од Сидон, Птоломеј го отворил саркофагот да го види за последен пат царот, но внатре нашол, само мед. Така Лизимах ги превзел само царските книги, опремата и дијадемата, а лажниот ковчег останал во Сидон. Златниот ковчег го претопил египетскиот цар Птоломеј Единаесетти сметајќи дека тој не вреди без телото на царот, а златото е потребно. Но, за да не биде уништено едно толку вредно уметничко дело наредил пред да го претопат да направат копија од мермер. Мермерниот саркофаг во подземните гробници на Сидон што му припаѓале на царот Абдолоним ги пронашле турските власти во 1887 година. Овој саркофаг е за сега единствен материјален доказ за случувањата по смртта на Александар и погребувањето на неговото мртво тело.

***

Книгата на Камбуровски

Паскал Камбуровски неодамна ја објави неговата книга "Гробот на Александар Македонски". Книгата е напишана како роман, лесна за читање, но обилува со историски податоци за времето на Александар и по неговата смрт. Во книгата е дадено и едно негово видување и размислување за создавањето на античката македонска држава, за посебноста на македонскиот народ и на нивниот јазик, со обичаи и традицијата на античките Македонци.


vest

Генетички размисли

(Повод: "Чепкање по ДНК" од Мимоза Ристова - Васева,
колумна, 7.11.2002).
Спасе Шуплиновски

"Неговата (на Александар Македонски, н.з.) кожа, велат, била бела. Таа белина била залепена со црвенило на градите и на лицето". (Плутарх, Александар, 4, Московски универзитет, 1993). Едното око на Александар било светло зеленикаво-зелено, а другото темнокафеаво. Друг извор говори дека македонскиот генерал Еригеј, при двобој, го извадил шлемот и под него се појавила бела коса. Тоа е с? што се знае од веродостојните извори за надворешниот изглед на тие двајца. Таткото на Александар, Филип Македонски, е опишан како човек без десното око, што го загубил од стрела во битката за Метона и куц од раната во колкот во борбата против Трибалите на север. Во 1978 година е најдена гробницата во Кутлеш (Вергина) и во неа златен ковчег со коските на Филипа. Британските антрополози тогаш верно го реконструираа ликот на покојникот кој се совпаѓа со зачуваните слики на монети и сл. "Вие го откривте гробот на Филип, но ја закопавте тезата дека тој бил Грк" - им рекоа на Грците. "Зашто, македонски обичај бил да ги положуваат покојниците, а хеленски да ги палат". Изворите говорат дека Александар ги погребувал своите војници, а по битката кај Херонеја (во 338 г. пр.н.е.), Македонците биле погребани, а Хелените спалени и пепелта во урни им е однесена во Атина. Демостен, во третата Филипика, 31 глава, вели за Филипа дека "тој не само што не е Хелен, ниту нешто во средство со Хелените, туку е... ништожен Македонец". Археологот Андроникос Манолис, што ја откри царската гробница во Кутлеш (Вергина), изјави дека е најдена висока автентична македонска култура каква што нема на југ, па подоцна на мистериозен начин почина, по кое почна јавниот сомнеж таму дека коските не се на Филипа, т.е. најдената култура не е македонска, затоа што со откритието отпадна наметнатата теза дека Македонците биле варвари во денешна смисла на зборот, што значи Александар немал потреба да шири туѓа, при постоење на своја култура.

На походот на исток, Александар оставал свој благајник и командант со воен екипаж за заштита, т.е. царски намесници. Според македонските закони, тој што ќе кренел рака на царот морал да биде убиен со сите свои роднини по машка линија. Од тоа не бил поштеден ниту Парменион, началник на генералштабот, поради предавството на неговиот син Филота ". Треба од нас да произлезе иницијатива за сопствени истражувања на ДНК во сите тие набројани држави, компарирајќи ги со ДНК од пршленот на Филип Македонски, задржан од британските антрополози, како евентуален репер. Македонија не "не треба", туку мора да се занимава со минатото за да го одбрани, како што вели Блаже Конески, "големото име што го носиме".

Утрински Весник

Хелените ја чувствувале власта на Македонците како туѓа

Од монографијата "Историја на Агреадите" од проф. д-р Наде Проева

Демостен во сите напади против Филип ИИ велел: "Тој не само што не е Хелен ниту, пак, има нешто хеленско туку е барбарин од земја за која не би можел нешто убаво да кажеш, еден никаков Македонец, од земја од која човек порано ни роб не би купил

Историјата на Аргеадите - првата македонска кралска династија која владеела со македонското кралство речиси половина милениум, е книга за најстарата историја и за посебноста на античките Македонци. Тоа е периодот од создавањето на државата - на крајот на 8 век од старата ера, се до смртта на Александар Трети Македонски, Велики (323 година, стара ера).
За периодот на Аргеадите има најмалку литература, за разлика од времето на Филип Втори и Александар Трети, кои се вклучени во секоја историја на Хелените.
Сепак, благодарение, пред се, на археолошките, епиграфските и на нумизматичките изучувања, особено по откривањето на кралските гробници во Вергина (Кутлеш кај Ајга), последниве години изучувањата доживеаја своевиден процут, дискусии меѓу научниците, и тоа во прв ред за прашањето на етничката припадност.
Така прашањето за етничката припадност стана едно од најисполитизараните прашања во историската наука.
Оваа тема, како и останатите сфери околу уредувањето, религијата, институциите, културата и уметноста на Аргеадите, области кои досега беа занемарувани, се обработени во "Историјата на Агреадите" од проф. д-р Наде Проева, како прво историографско дело кај нас со детаљно и целосно прикажана историја на првата македонска кралска династија.
Проева вели дека од почетокот на изучувањата, ова прашање е погрешно поставено во методолошка смисла. Наместо да се одговара на прашањето: "Што биле античките Македонци?", било поставено прашањето: "Дали античките Македонци биле Хелени?". Овој манир на современата историја довел до тоа античките Македонци долго време да се изучуваат како дел од хеленската историја. На пример, покрај тоа што во периодот од 338-та хеленските полиси потпаднале под македонска власт, нивната историја се уште се проучува во рамките на хеленската историја.
Податоците кај античките автори велат (Плутарх, на пр.) дека Хелените до крајот ја чувствувале власта на Македонците како нешто туѓо и надворешно.
Битката кај Хајронеја била пропаст за Хелените, вели друг извор кој додава дека по смртта на Александар Трети не бил кренат ниту еден бунт во Азија, а се побуниле само Хелените кои без нивна волја биле населени во Хиндикуш.
Карактеристично е што во хеленските извори, покрај тоа што Македонците јасно се обележуваат со нивното етничко име, тие постојано се обележувани и како барбари.
Најдоследен е Демостен кој во сите напади против Филип 2 велел: "Тој не само што не е Хелен ниту, пак, има нешто хеленско туку е барбарин од земја за која не би можел нешто убаво да кажеш, еден никаков Македонец, од земја од која човек порано ни роб не би купил" (Демостен, Трета Филипика, 31).
Во врска со потеклото на македонската кралска куќа, изворите велат дека,
начелно, тие го признавале нејзиното хеленско потекло. Тоа го правеле како ќе им одговарало, за што говори и Херодот во епизодата за учеството на Александар Први Филхен на Олимписките игри:
"Кога Александар сакал да се натпреварува и кога слегол таму, оние Хелени кои требало да се натпреваруваат во трчање, не му допуштиле да учествува,
велејќи дека натпреварот не е за натпреварувачи барбари туку за Хелени. Кога Александар изјавил дека е Аргеец, му било признато дека е Хелен" (Херодот 5,22).
Оваа легенда за хеленското потекло на Аргеадите е резултат на пропагандата на Александар да го избрише проперсиското однесување во Медските, т.е. грчко-персиските војни.
Темата за името на античките Македонци во книгата на Проева започнува со
легендата за Македон.
Според легендите, Македон бил син на Зевс и Тија. Од запишаните верзии, се чини дека најверодостојна е онаа од македонскиот историчар Марсија, според која Македон бил син на Дион и Ајтрија. Ова покажува дека е направена така наречена хеленска интерпретација на македонската легенда, во која имињата на македонската брачна двојка (Дион и Ајтрија) се приспособени на хеленскиот јазик и митологија. Особено е впечатливо името на женското божество Ајтрија; што е, всушност, македонска глоса (збор) што значела "светло, јасно небо", та според тоа е јасно дека во случајов имаме небесен божески пар, со женска варијанта на врховното небесно божество.
Постојат повеќе легенди кои се приближуваат на хеленската митологија, па така преку легендите Македон бил вклучен во хеленската митологија, а Македонците во хеленската етничка група.
Ваквите легенди Проева ги објаснува со фактот дека Хелените со ова сакале да ја оправдаат и да и дадат легитимитет на колонизацијата врз другите народи.
Покрај тоа што и во античките извори е јасно посведочено дека македонскиот јазик значително се разликувал од хеленскиот, историчарите тешко можат да го докажат тоа.
Причината е во тоа што досега не е најдена ниту една единствена реченица на македонски јазик; сиот зборовен материјал со кој располагаме се состои од т.н. македонски глоси, односно македонски зборови кои биле запишани во делата на античките и византиските лексикографи, и тоа поради нивната занимливост и несекојдневност.
Античките извори даваат многу примери за различноста во македонскиот и хеленскиот јазик. Еден од нив е од Херодот кој жителите на Крестонија ги нарекува Пелгази, а нивниот јазик барбарски кој "се разликува од сите останати".
Друг пример од подоцнежниот период е од судењето на Филота во 330 година ст.е., кога тој решил да зборува на хеленски, за да го разберат оние што не се Македонци.
Сепак, се јавуваат и различни аргументи кои говорат во прилог на колебливоста во тезата за различноста на хеленскиот и македонскиот јазик. Некои историчари го цитираат фактот што Александар Трети, по освојувањата на Истокот, го прифатил заедничкото хеленско наречје за службен јазик во неговата држава. Но ова воопшто не треба да не изненади. Хеленскиот бил меѓународен јазик, прифатен и на Истокот и на Западот - јазик на дипломатијата, на кој со векови пред Александар Истокот комуницирал со Европа.
Значи, користењето на хеленскиот јазик било елемент на акултурација на барбарските народи (како што заклучува францускиот историчар П.Кабан), но никако не значело и губење на сопствените особености.
Меѓу сите специфики за кои досега не е доволно истражувано е и темата на религијата. Овде ќе споменеме само дека и во оваа област преовладува т.н. хеленско толкување. За македонската религија најчесто се говори на хеленски јазик и од хеленски автори. Тие често ги опишувале обичаите на народите во земјите надвор од хеленскиот круг, но не се обидувале да ги запишат изворните имиња на боговите, обичаите, народите, институциите. Наместо тоа, тие ги нарекувале со за нив соодветни имиња. Токму затоа и македонската религија е облечена во хеленско руво.
Но, сепак, професорката Проева ни ги посочува најкарактеристичните примери кои говорат за разликите и во оваа област.
Божицата Ма е позната како кападокиска божица. Таа има војнички и соларен карактер. Освен во Кападокија и на Понт, култот на оваа божица е посведочен и во Македонија: во светилиштето во Едеса со повеќе од триесет написи, а една од трите досега пронајдени вотивни плочки е пронајдена во с. Претор кај Ресен.
Треба да се подвлече дека божицата Ма дефинитивно не е посведочена во Хелада, иако археолошките истражувања на почвата на денешна Грција траат повеќе од век и половина.
Беди е уште едно божество непосведочено кај Хелените. Тоа е божество на воздухот. Клемент од Александрија запишал дека беди е фригиски збор за вода, па оттаму се објаснува и топонимот Едеса во Македонија, преку словенскиот превод на името на градот Воден.
Дарон е македонско божество на кое му се молеле за болните. Кај Пела е пронајдена посвета на ова божество.
Од култовите поврзани со обожавањето на природните сили, најраширен и најважен кај Македонците бил култот на Сонцето. Соларната симболика не им била блиска на Хелените. За разлика од нив, кај Македонците сончевата розета е еден од најчестите симболи. Таа најчесто е претставена на македонскиот штит како и на монетите.
Најстариот пишан податок за овој култ го среќаваме кај Херодот кој ја раскажува легендата за потеклото на македонската кралска куќа на Аргеадите.
Раскажувајќи како од Аргос кај Илирите избегале тројца браќа - Гаван, Аероп и Пердика, па еднаш барале плата кај кралот, тој им рекол дека им ја дава нивната плата, покажувајќи на подот каде што паѓал сончевиот зрак од отворот на покривот. Најмладиот брат рекол: "Го примаме, кралу, тоа што ни го даваш", притоа обележувајќи го местотона подот, заградувајќи ги зраците. "Три пати зацрпил од нив ставајќи ги во пазувите, а потоа тој и неговите браќа заминале" ( Херодот 8,137).
Со овој гест симболично се покажува боженското потекло на кралската власт, добиена од богот Сонце. Оттаму и Сонцето е симбол на кралската власт.

Марија Зафировска
Vest

Култните бронзи и нивната древна цивилизациска вистина

Македонските бронзи големи сведоштва за културата на оваа почва
Никица Корубин

Во секоја земја историјата го прикажува својот цивилизациски континуитет, постојано, вистинито и секогаш доволно провокативно за преиспитување на ставот кој во суштина не постои. Во таа историја, во таа апсолутна категорија, во таа незамисливо возбудлива сфера на минатото, непоимливоста на богатата и совршена култура, е далеку над секоја можност за нашето разбирање на нејзината големина. Бидејќи нашата сегашност е секогаш доволно силна негација на сопствениот континуитет, на своето минато, а поединечни делови од таа сегашност, изгледа засекогаш заслепени од големината на сопственото длабоко незнаење. Но, ионака вечноста не ја познава површната сентименталност, нејзината духовност е над секоја миговна појавност. Таа е светлината која не води до нас самите.

Железното време (10-6 век п.н.е.) е само еден период во историјата на Македонија. Пред него култура, после него култура. Период кога некои работи можеби стануваат појасни од аспект на денешна археолошка истраженост на овој период и оваа територија. Ставот кон археологијата и нејзината позиција кај нас е се уште недозволено низок за да се донесуваат било какви радикални заклучоци или да се поставуваат конечни теории, ако воопшто поимот на конечност во историјата е одржлив. Но, сепак степенот на истраженоста е доволен за да можат да се прават претпоставки и толкувања, земајќи ги притоа во предвид сите можни аналогии кој ќе помогнат во разрешување на клучните елементи во развитокот на нашата историја. Притоа никогаш не заборавајќи ја предноста на археологијата како наука која можеби е најобјективна во смисла на несоборливост на нејзините факти. Но, правилното толкување и поврзувањето на нештата е она што ја прави историската вистина.

Токму за овој период се карактеристини разновидните бронзени предмети, кои денес во науката се нарекуваат Македонски бронзи. Името го добиваат според територијата на нивна распространетост и наоѓање, што само по себе го одредува и нивното етничко потекло. Станува збор за разновидни предмети, со различна намена, вистинско богатство на форми, симболи и со сложена и креативна суштинска основа. Во оваа широка група на македонски бронзи влегуваат предмети со утилитарна намена, значи за практична употреба во секојдневниот живот (фибули и игли за прикачување на делови од облеката, копчи, појасни гарнитури), потоа предмети кои имаат украсна намена (игли-укосници, наушници, белегзии, торквеси, прстени, ѓердани) и предмети кои имаат култно, длабоко религиозно значење и кои се одредуваат како култни бронзи поради својата претпоставена намена (предмети во форма на афионови чашки, на мали садчиња-бокалчиња, на птици, на конскекративни рогови, на ажурирани топки, на кружни плочи, на сложени облици кои формираат композитни предмети), но и на уште неколку други форми, на кои науката се уште не им го открила вистинското значење, а уште помалку можната употреба. Токму оваа група на предмети од поширокиот термин Македонски бронзи, го носат името Македонски/Пајонски култни бронзи, и постојано го свртуваат своето внимание поради невообичаените форми и начинот на кои биле употребувани. Нивната употреба е од втората половина на 8-от век п.н.е. па се до 6-от век п.н.е.

Она што е од посебно значење кај сите овие предмети е начинот на кој се изработени, техниката и технологијата на обработката на бронзата како легура од која се изработуваат. Токму тука се огледа нивната совршеност, умешноста на мајсторите кои обликуваат чудесни форми, одраз на верувањата, на животот и вечноста на една голема цивилизација. Навистина, воодушевувачка е нивната бројност и присутност во погребувањата од периодот на железното време. Сето тоа индицира на постоење на специјализирано производство на предмети, што е вистинска реткост за периодот на нивното постоење, но и гледано во пошироки регионални рамки, во светот на големите егејски и медитерански цивилизации чиј составен дел е и територијата на Македонија во тоа време.

Можеби најпровокативниот момент во нивното восприемање и анализа е нивната длабока симболика, присутна на повеќето од формите на македонските култни бронзи. Тука се среќаваме со разновидна, но нималку случајна симболика, која не води до многу постари и древни периоди од историјата, симболика која говори за верувањата на нашите предци и нивното длабоко филозофско и духовно спознавање на сите аспекти на животот и смртта, нивниот непрестан тек, самиот круг на вечноста. Симболот на сонцето е присутен, базичен симбол на Македонија, на народот кој секогаш живее доволно близу до него, за засекогаш да го прими во својот дух и секогаш да го пренесува до денес и секогаш. Присутни се и други симболи кои имаат религиозно значење, како што се афионовите чашки, малите бокалчиња со форма кои ја следат формата на керамичката продукција од тоа време, малите приврзоци во форма на птици; и чија симболика и употреба ја става Македонија во редот на големите медитерански цивилизации со култови и божества присутни на еден поширок регион, и чие потекло е се уште една голема енигма за науката; Дионис, Аполон, Зевс . . .

Македонските култни бронзи се вистински показател за големината на културата на тлото на Македонија во протоисторијата, одредница за богатсвото, знаењета и содржината на народот кој знаел да го живее денот и мигот, секогаш до боговите, секогаш на чекор до вечноста. Со познавањето на сите аспекти на тој циклус на постојани стравови, тешкотии, на магичен спој со природата, на доблесни и големи луѓе кои не се плашеле да го спознаат секој непознат дел, од својот свет на мрачно подземје и сјајни сончеви горски врвови, одејќи по богатие полиња на својата секојдневност. Македонските бронзи во сиот тој животен циклус се дел од целокупниот начин на живот, на соочување со смртта-која денес се огледа преку начинот на погребување и сите приложени шредмети при тоа, оружје, керамички садови, тореутички производи, орудие, златен, сребрен раскошен накит, и сите овие прекрасни бронзени предмети. Живот за кој во одредена мерка дознаваме и од сите познати пишани извори од периодот на Хомер, па натаму кои во секој момент ги познаваат Македонците/Пајонците како високо цивилизиран народ кој живее на ова тло.

Во оваа чудесна археолошка таинственост, во оваа магична земја, светлоста на сонцето секогаш ќе биде силна за да не увери, нас сопствените деца во својата големина. Ние кои никако да поверуваме во тоа што сме. Прекрасната пајонска свештеничка ни ја дарува и нас на своите деца, тајната на убавината на животот, на слободното достигнување на сите состојби на сопствениот живот. Заедно со песните и музиката на оние што тоа најубаво го прават, Пајоните-Пеаните.

[*]

ЕТНО-КУЛТУРНИТЕ ВРСКИ МЕЃУ АНТИЧКИТЕ И ДЕНЕШНИТЕ МАКЕДОНЦИ

Подготвила: Милева ЛАЗОВА

Во книгата се предадени и разликите помеѓу Македонците и Хелените, како и историски документи, кои го потврдуваат постоењето на потомците на античките Македонци во Македонија и во Средниот век.
Авторот Донски наведува дека постојат голем број обичаи, обреди и народни верувања кои останале уште од античките Македонци среде Македонците во XIX и XX век.
Деновиве во издание на Центарот за културна иницијатива од Штип од печат излезе најновата книга од историчарот Александар Донски под наслов "Античко-македонското наследство во денешната македонска нација (прв дел - фолклорни елементи)".

Книгата нуди неодбранливи докази за античко-македонското етно-културно наследство во денешната македонска нација. "Античко-македонското наследство во денешната македонска нација (прв дел - фолклорни елементи)" е резултат на повеќегодишната истражувачка работа на авторот на полето на докажување на етно-културните врски помеѓу денешните и античките Македонци.

За силата на овие аргументи од областа на фолклорот сведочи и нашиот врвен фолклорист д-р Трпко Бицевски, кој е директор на Државниот институт за фолклор "Марко Цепенков" од Скопје, а воедно е и рецензент на книгата.

МАКЕДОНСКА ИСТОРИОГРАФИЈА

Во книгата се среќаваат интересни податоци за кои досега не се зборуваше во нашата јавност, а кои јасно ги докажуваат етно - културните врски помеѓу античките и денешните Македонци. Така на пример, во книгата е запишано дека во македонската историографија за време на југословенското едноумие тенденциозно беше запоставувана античко -македонската историја. Во бројни историски книги античките Македонци не беа ниту спомнати! Понатаму Донски потсетува дека денешните Македонци антрополошки се разликуваат од старите Словени. Тој го споменува византискиот историчар Прокопие, кој јасно ги опишал старите Словени како високи и развиени луѓе. Прокопие пишува и дека сите до еден биле русокоси и дека помеѓу нив немало ниту еден со поинаква боја на косата. Јасно е дека денешните Македонци имаат сосема поинакви антрополошки особини, што значи дека не можат да бидат чисти потомци на старите Словени. Постојат јасни византиски сведоштва според кои во VIII век од Македонија биле иселени огромен број Словени. Можеби за прв пат ќе ги сретнете овие автентички сведоштва кои во нашата историографија не беа многу популаризирани. Ни Словените не биле заткарпатски народ, туку потомци на античкиот народ Венети (споманти уште од Хомер, а потоа и од Херодот како балкански народ) - факт што од неодамна е внесен и во историските учебници во РМ. Во книгата се предадени и разликите помеѓу Македонците и Хелените, како и историски документи, кои го потврдуваат постоењето на потомците на античките Македонци во Македонија и во Средниот век.

Донски пишува дека во македонскиот фолклор постојат голем број песни, приказни, легенди и преданија со античко - македонска содржина регистрирани уште во XVI, XVIII, XIX и XX век. За некои од нив сведочеле и странски патеписци кои ја посетувале Македонија. Содржините на некои од овие творби фрапантно се поклопуваат со историските настани. Така на пример, во една народна песна за Александар Македонски (запишана во XIX век) јасно е посочена маларијата како болест од која Александар умрел, иако овие податоци добија научна потврда дури на крајот од XX век.

Во македонскиот фолклор постојат бројни македонски народни творби за некои од античко - македонските владетели. Постојат и одредени фолклорни елементи (посебно во приказните), кои несомнено влечат корени од времето на античка Македонија. Такви се: мотивот со лавот (кој и навистина живеел во времето на античка Македонија и затоа е толку застапен во македонските народни приказни, но и во хералдиката); царот со рог (приказна посветена на Александар Македонски); рисот; филозофот; мотивот со тројцата браќа (преземен од Херодотовата приказна за настанокот на македонската држава); култот кон водата; верувањето во гавранот како кобна птица и во орелот како победоносна птица и други. Сето ова аргументирано е објаснето во книгата!

АНТИЧКО-МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОР

Интересен е и податокот според кој браќата Миладиниовци во XIX век запишале предание за настанокот на Воден, кое целосно се поклопува со историскиот опис на античкиот историчар Јустин, иако овој историчар ни денес не е преведен во Македонија.

Донски наведува дека постојат голем број обичаи, обреди и народни верувања кои останале уште од античките Македонци среде Македонците во XIX и XX век. Така на пример, Херодот пишува дека на веселбите во античка Македонија мажите седеле одделно од жените. Овој обичај кај нас е евидентиран и од запишувачите на македонски народни умотворби од XIX и XX век, па дури е останат и до денес. Од античките Македонци ни останал и обичајот на кршење леб за време на свадбените обичаи, кој е спомнат од биографот на Александар Македонски, Квинтиј Куртиј Руф. Од античките Македонци се задржало и третирањето на машкиот појас од народната носија како симбол за машкост (кое го запишал Аристотел, а исто такво верување е регистрирано и во XIX век). И подарувањето прстен на наследникот (пред умирачка) е обичај регистриран кај античките Македонци што останал до денес, а така е и со стрижењето на косата за време на голема жалост. Дури и античко - македонскиот обичај за избор на крал (што се одвивал преку масовен собир на војската и избор со акламација) останал среде Македонците од XIX век како обичај за избор на селски старешнина. Античко-македонски елементи постојат и во прославите на празниците: Лазара, Ѓурѓовден, Руса Среда и Прочка. Античко-македонски елементи се регистрирани и во денешните македонски додолски обичаи, кои се вршат за повикување на дожд. Од античките Македонци останало и верувањето во магиската моќ на змијата; потоа неколку погребни обичаи и друго. Сето ова детално е елаборирано во книгата!

Во македонските народни умотворби регистрирани во XIX и XX век се забележуваат и огромен број елементи од античката митологија, позната во светот под името "Грчка митологија". Во книгата се застапени податоци, кои досега не се објавени во Македонија, а кои претставуваат несоборливи докази за негрчкиот карактер на оваа митологија. Така, на пример, врз основа на педантни истражувања докажано е дека над 80 отсто од сите досега познати антички и средновековни автори на делата посветени на оваа митологија - воопшто не биле Грци! Но, тоа не е се. И најголемиот дел од ликовите спомнати во нејзините митови немале грчко потекло! Поради тоа Донски се прашува: како може тогаш оваа митологија да биде "грчка", кога ниту нејзините најзастапени автори не биле Грци, ниту пак најголемиот дел од ликовите спомнати во неа имале грчко потекло!?

Во античката митологија огромен придонес имале и античките Македонци. Во книгата застапени се изјавите од светски авторитети кои тврдат дека музите биле македонкси божества (митолошки ќерки на легендарниот македонски крал Пиер). Македонско потекло имал и богот Дионис, а македонско потекло имал и легендарниот крал Орфеј (кој бил роден и убиен во Македонија). Македонец бил и еден од лапитите, како и еден од аргонавтите на Јасон. Македонците имале и други свои божества.

Постојат бројни мотиви во македонскиот фолклор наследени од античката митологија. Такви се: мотивот за самовилите (наследен од мотивот за античките менади); мотивот за персонализација на сонцето и небеските тела; мотивот за позлатување со допир; мотивот за ламјата и за змејот; мотивот за персонализација на судбината, среќата и смртта; мотивот за бог престорен како старец; мотивот за јуначките подвизи на Крали Марко (кои се поклопуваат со јуначките подвизи на Херакле), мотивот за подземниот свет; мотивот за метаморфозите и многу други. Во книгата се изнесени паралелни прегледи на овие мотиви од македонските приказни и песни со соодветните мотиви од легендите од античката митологија, при што јасно се забележува нивната идентичност. Ова значи дека огромен дел во денешниот македонски фолклор е наследен од античката митологија, која била практикувана токму од античките Македонци!

Голем број Македонци од XIX и XX век (наспроти жестокиот притисок од странските пропаганди) себеси се декларирале како директни потомци на славните антички Македонци. Сведоштва за оваа појава имало и кај странските патеписци кои престојувале во Македонија. Артикулации за прифаќање на античко-македонското етничко потекло имало дури и во ВМРО на Ванчо Михајлов, како и во редовите на МПО!

На крајот од книгата ги читаме имињата на оние кои финансиски го помогнале нејзиното излегување преку предвремен откуп. Камо да има повеќе наши сонародници од дијаспората и од РМ, кои ќе финансираат книги за македонската историја, како што се Трајче Т. Трајковски од Перт (главен организатор на акцијата за собирање средства за оваа книга во Австралија), Марко Велески од Словенија, Златко Миленковски од Германија, Сотир Пастенаров од Скопје, Џон Тодоровски од Холандија, Петер Ристевски од Сиднеј, познатото скопско студио "Рок енд Рол" и други.

Книгата има 250 страници А5 формат. Може да се набави по цена од само 300 (триста) денари. Нарачки на телефон (032) 393 175 или на е-маил: adonski@mt.net.mk., како и во редакцијата на "Македонско сонце". За во светот цената на еден примерок е 10 ЕУР. Во цената е вклучена и поштарината. Оваа книга засега не се продава по книжарниците.

[*]

test

test